0
Војната во Газа мора да престане, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден.
„Потребен ни е прекин на огнот“, изјави Бајден пред новинарите по предвременото гласање на претседателските избори во САД во Вилмингтон, во американската сојузна држава Делавер.
„Мора да престане, мора да престане, мора да престане“, нагласи американскиот претседател.
Тој додаде дека ќе ги разгледа тековните напори за прекин на огнот по предлогот на Египет за дводневно примирје на палестинските територии, што беше претставено како прв чекор кон целосен прекин на огнот.