Бајден во Северна Ирска: Тука сум да слушам!

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден им рече на новинарите во Северна Ирска дека е „тука да слуша“ кога се сретна со британскиот премиер Ричи Сунак во хотел во центарот на Белфаст.

Бајден се соочи со низа прашања од новинарите, вклучително и дали има порака за политичките партии во Северна Ирска и зошто нема да разговара за трговскиот договор за време на неговиот престој во Обединетото Кралство, пишува Гардијан.

На средбата со Сунак на врвот од скалите на хотелот Гранд Централ, Бајден рече „одличен поглед од овде“.

Сунак, насмеан, седна на масата со американскиот претседател додека разговараа на чај.

Според Гардијан, изјавата на Бајден „Тука сум да слушам“ најверојатно имала за цел да ја намали загриженоста кај унионистите дека тој бил тука да им држи предавања.

Претходно, Аманда Слоат, специјален асистент на Бајден и висок директор за Европа во Советот за национална безбедност, рече дека тој „не е антибританец“, како одговор на обвинувањата на поранешниот лидер на северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) Алрен Фостер дека американскиот претседател „ја мрази Велика Британија“.

Само неколку часа откако тој пристигна во Белфаст, целта на кратката посета на Бајден на Северна Ирска беше доведена во прашање од страна на унионистите кои ги бојкотираат договорите за поделба на власта во Северна Ирска повеќе од една година.

На брифингот во Белфаст, Аманда Слоат сугерираше дека Бајден, поради неговото ирско наследство, бил пристрасен против Британија во врска со континуираниот ќор-сокак околу пренесената влада во Стормонт, парламентот на Северна Ирска.

Поврзани новости