Бајден вети дека ќе ги врати Американците од Авганистан

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека секој Американец ќе биде вратен дома од Авганистан.

-Дозволете ми да бидам јасен – ние ќе го вратиме дома секој Американец што тоа го сака. Но, не можам да ветам дека ќе биде без ризик. Не можам да тврдам каков ќе биде исходот. Но, како врховен командант и како Американец можам да ветам дека ќе мобилизираме сè што е потребно за секој Американец да се врати дома – рече Бајден.

Тој појасни дека секој ден разговара со командантите на кои јасно им кажува дека ќе им даде сè што е потребно за да ја завршат својата работа по највисоки стандарди.

-Се договоривме со талибанците дека американските државјани можат да стигнат до аеродромот. Талибанците ги ослободуваат Американците кога ќе покажат документи. Друго прашање е што се случува кога ќе паднат во овој хаос. Се обидуваме да најдеме најдобар начин за полесно да поминат. Без разлика на околностите, имаме договор со талибанците да ги пуштат сите со американски документи – истакна Бајден.

 

Поврзани новости