Бајден: ЦИА ја разоткри играта на Путин

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден на вчерашното одбележување на 75-годишнината од формирањето на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), се заблагодари за „тивката храброст на американските шпиони“.

Тој истакна дека благодарение на ЦИА светот бил предупреден за плановите на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина.

– Благодарение на неверојатната работа на нашите професионалци за разузнавање, можевме однапред да го предупредиме светот што планира Владимир Путин во Украина. Откривањето на играта на Путин направи огромна дупка и ги дискредитираше неговите лаги за она што го правиме во Украина, истакна Бајден.

Поврзани новости