Бајден три пати ги помеша Сирија и Либија

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден обраќајки се кон медиумите на самитот Г7 говорејќи за хуманитарната помош за земјите погодени од граѓански војни, дури три пати ги помешал Сирија и Либија, пренесува Фокс Њус.

Бајден говореше за можната соработка со Русија за да се пружи ,,витална помош на Либија“.

-Се додека немаат како да донесат некаков ред во земјата, не е можно добро да се исполнат темелните економски потреби на луѓето. Со тоа се надевам дека ќе најдеме начин да ги спасиме животите на луѓето, на пример, во Либија, изјави Бајден за новинарите.

Тој потоа додаде дека Русија со нивната интервенција во Сирија, „касна повеќе отколку што можеше да голтне“,  подоцна пак спомнувајќи ја Либија.

По неколу грешки на претседателот, советниците го поправиле, кажувајќи дека тој всушност мислел на Сирија, не на Либија. Бајден на социјалните мрежи беше исмејуван и нападнат со бројни негативни коментари.

,-Претпоставувам дека, кога бомбардирате толку многу земји наеднаш, тешко е сите да ги следите, напиша либанската геополитичка коментаторка Сара Абдалах на својот Твитер профил.

 

Прес конференцијата на која Бајден ги помеша државите беше одржана на последниот ден на редовниот годишен самит на седумте најразвиени земји (Г7) во Светот во Корнвол, Англија.

Поврзани новости