Соединетите Држави предупредија дека нивната граница со Мексико не е широко отворена, стравувајќи од хаос кога на полноќ истече тригодишната забрана за влез поради пандемијата на коронавирус. За да се подготват за бран на имиграција, двете земји распоредија војници долж границата. Републиканците бараат продолжување на мерката позната како „Наслов 42“, а демократската администрација на Џо Бајден потсетува дека донела нови ограничувања на правото на азил.
„Сакам да бидам јасен – нашата граница не е широко отворена. Оние кои незаконски, без законска основа, ќе ја преминат нашата граница за да останат, веднаш ќе бидат вратени назад“, рече секретарот за внатрешна безбедност“, Алехандро Мајоркас на прес-конференција во Белата куќа, и додаде дека им е јасно со какви предизвици најверојатно ќе се соочат наредните денови и недели и дека се подготвени да одговориме на нив.
Тој посочи дека веќе е забележан голем број луѓе како пристигнуваат во некои сектори. Претседател на САД Џозеф Бајден неодамна изјави дека ситуацијата ќе биде хаотична некое време. За да се подготви, сојузната држава мобилизираше повеќе од 24.000 полицајци и 4.000 војници на границата.
Мексико соработува со САД за да избегне хаос и насилство на заедничката граница по укинувањето на мерката „Наслов 42“, изјави мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, пренесе Ројтерс.
Властите работат во јужниот дел на Мексико за да ги заштитат мигрантите поради напливот на шверцери кои нудат да однесат мигранти во САД за огромни суми пари и тврдат дека границата е отворена, рече мексиканскиот претседател.
Мексиканската влада одлучи да испрати Национална гарда на јужната граница, која доби наредба да не употребува сила против мигрантите. Лопез Обрадор го повика и Бајден да ја прифати добрососедската политика за подобрување на состојбата на населението во Куба и Венецуела, што ќе ги одврати од емигрирање.
Мексиканскиот претседател долго време ги повика САД да инвестираат повеќе во регионот со цел да се искорени корените на сиромаштијата и причините за емиграција. Денеска во пограничниот град Браунсвил, Тексас, мигранти спорадично ја преминале границата во групи од 20 луѓе, јави репортерот на АФП од терен.
Мерката позната како „Наслов 42“ се укинува вечеra вечер го направи речиси целосно невозможно да се поднесе барање за азил во САД. Некои мигранти побрзаа да ја преминат границата долга 3.000 километри пред да биде укината мерката за да побараат азил, стравувајќи дека нема да можат да го сторат тоа во следните пет години поради промената на прописите.
„Наслов 42“ беше воведен во 2020 година од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп во име на борбата против пандемијата на коронавирус. Неговиот наследник го продолжи неговото времетраење.
Во пракса, оваа мерка го оневозможи пристапот до американскиот систем за азил, мигрантите без виза се враќаа без можност за поднесување барање. За три години бил искористен 2,8 милиони пати. Ова ќе биде можно повторно од утре и судовите повторно ќе ги процесуираат барањата на барателите на азил, што може да потрае неколку години.