Бајден со Сунак: Односот меѓу Британија и САД е цврст како камен!

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во Лондон, за време на состанокот со британскиот премиер Риши Сунак, дека односот меѓу САД и Велика Британија е „цврст како камен“.

„Нашите односи се цврсти“, рече Бајден, според Ројтерс.

Бајден синоќа пристигна во Лондон, каде што ја започна европската турнеја во чии рамки ќе ги посети и Литванија и Финска.

За време на посетата на Велика Британија, Бајден ќе се сретне со кралот Чарлс Трети во замокот Виндзор.

Белата куќа соопшти дека Бајден вечерва ќе отпатува за Вилнус, Литванија, каде утре и во среда ќе учествува на самитот на НАТО.

Поврзани новости