Бајден слета во Велика Британија, со Сунак ќе разговараат и за оружјето за Украина

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден слета во Велика Британија пред самитот на НАТО во Литванија кон крајот на оваа недела . Ова доаѓа откако неколку сојузници го преиспитаа неговиот повик за испраќање касетни бомби во Украина, јави Би-Би-Си.

Денес Бајден ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак. Се очекува да разговараат за различни прашања, вклучувајќи ја и војната во Украина.

Велика Британија и Канада се меѓу оние кои изразија загриженост за снабдувањето со бомби, кои се широко забранети поради опасноста што ја претставуваат за цивилите. На овој планн на Бајден се спротивстави и Шпанија.

САД велат дека тие се потребни бидејќи резервите на оружје во Украина се намалуваат.

Британскиот премиер Сунак не го критикуваше директно својот американски колега по објавувањето на одлуката за испраќање касетни бомби во петокот,  но во саботата тој рече дека Велика Британија е една од 123 земји потпицнички на Конвенцијата за касетна муниција, меѓународен договор со кој се забранува производство или употреба на ова оружје.

Другите сојузници на САД отидоа подалеку. Партнерската земја на НАТО Нов Зеланд во неделата рече дека оваа муницијата може да предизвика „огромна штета на невини луѓе“.

Касетните бомби вообичаено ослободуваат многу помали бомби кои можат неселективно да убијат на широк простор. Неексплодираните бомби може да стојат на земјата со години пред да се активираат.

САД велат дека добиле писмени уверувања од Киев дека украинските војници нема да го користат оружјето во Русија или во урбаните области.

Бајден ќе се сретне и со кралот Чарлс, за прв пат по крунисувањето на кралот.

Членовите на НАТО – воен сојуз на 31 западна земја – потоа ќе се состанат во Вилнус во вторник и среда. Зголемувањето на резервите на муниција и разгледувањето на одбранбените планови ќе бидат на дневен ред.

 

Поврзани новости