Хантер Бајден (54) – синот на Џо Бајден е прогласен за виновен за нелегално купување пиштол, откако ја сокрил употребата на дрога, а за тоа проговори и неговиот татко, актуелниот американски претседател, пишува NY Post.
„Како што реков минатата недела, јас сум претседател, но сум и татко. Џил и јас го сакаме нашиот син и сме многу горди на човекот во кој тој стана. Многу семејства чии најблиски се бореле со зависност го разбираат тоа чувство на гордост кога ќе го видиме закрепнувањето на некој за кој длабоко се грижиме“ – рече Бајден.
„Минатата недела реков и дека ќе ја прифатам одлуката на судот и ќе продолжам да го почитувам судскиот процес. Хантер сега размислува да поднесе жалба, а јас и Џил секогаш ќе бидеме тука за него. Како и целото семејство“ – додаде Џо Бајден.