Американскиот претседател Џозеф Бајден го осуди насилството, во изјава од Белата куќа денес, откако тој и првата дама Џил Бајден се вратија од Кемп Дејвид.
„Нашата нација повторно претрпе бран трагични и бесмислени престрелки во заедниците низ Америка. Денес, Џил и јас тагуваме за оние кои ги загубија животите и, додека нашата нација го слави Денот на независноста, се молиме за денот кога нашите заедници ќе бидат ослободени од оруженото насилство“, рече Бајден.
САД денес го празнуваат денот на независноста-4 јули.
Тој ја пофали градоначалникчката на Хајленд Парк Ненси Ротеринг и другите водачи за спроведувањето на забраната за јуришно оружје во воен стил за пошироката јавност во Илиноис. додавајќи:
„Нивните достигнувања ќе спасат животи. Но, тоа нема да ја избрише нивната тага. Мора да се направи многу повеќе во Илиноис и низ Америка за да се реши епидемијата на оружено насилство што ги распарчува нашите заедници“, рече Бајден, пренесе „Гардијан“.
Бајден ги повика другите држави да ги забранат пушките и магазините со голем капацитет и уште еднаш го повика Конгресот да ја обнови националната забрана за такво оружје.
Најмалку 15 лица застрелани низ целата земја во масовни престрелки досега на празничниот викенд на прославата на Денот на независноста на САД
Долгиот празничен викенд на крвопролевање се засили откако силно вооружен напаѓач во панцир отвори оган на улиците на Филаделфија во пресрет на прославата на четврти јули, во уште едно масовно пукање во САД, при што беа убиени пет лица и ранети две момчиња .
Тексас навлегуваше во празникот со веста дека во уште едно пукање убиени се три лица во Форт Ворт, што се случило непосредно пред полноќ среде собир на паркинг, во кој беа ранети осум лица.
Во Чикаго, вкупно пет лица беа убиени, а најмалку 33 ранети во престрелки низ градот. Престрелките се случија една година откако беа убиени седуммина на парадата на четврти јули во Хајленд парк, Илиноис, во близина на Чикаго.
Градоначалничката Ротеринг испланира планира музички настап, моммент на тишина и прошетка по патеката на парадата за да се одбележи масовното пукање лани во Хајленд парк.
Полицијата во Канзас денес соопшти дека 11 лица биле повредени во текот на викендот кога вооружен маж отворил оган во ноќен клуб во Вичита.
Изливот на оруженото насилство и изгледите за повеќе престрелки како што се одвиваше денот на забавите се заканија да ги засенат прославите на Денот на независноста, поткрепени со докази дека 4 јули е најризичниот ден за масовни престрелки во календарот на САД.
Бројот на загинати во вакви настани е исто така најголем во овој период во годината.