357
Претседателот на САД, Џо Бајден во својот говор пред Генералното собрание на ОН ги повика сите држави да застанат покрај Украина во борбата против руската инвазија, со надеж дека тоа ќе го слушнат и републиканците.
-Русија верува дека светот ќе се замори и ќе дозволи да ја нападне Украина без последици. Ако дозволиме Украина да биде фрагментирана, дали независноста на која било нација е безбедна?, праша Бајден.
Тој додаде дека само Русија сноси одговорност за оваа војна и само Русија има моќ веднаш да ја прекине.