Бајден: САД се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од иранските ракетни напади

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека САД се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од иранските ракетни напади и да ја заштитат американската војска во регионот.

„Разговаравме за тоа како САД се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од овие напади и да го заштити американскиот персонал во регионот“, напиша Бајден на Твитер за средбата со потпретседателот Камала Харис и тимот за национална безбедност на Вајт, објави Ројтерс.

Израелската војска објави дека балистички ракети штотуку биле лансирани од Иран кон Израел.

Израелските медиуми објавија дека Иран истрелал повеќе од 100 балистички ракети.

Поврзани новости