Бајден: САД размислуваат за санкции против Белорусија

by Fokus

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека САД размислуваат за санкции против Белорусија по притворањето на опозицискиот новинар Роман Проташевич, но не прецизираше какви.

-Разгледуваме санкции. Не сакам да шпекулирам додека не бидат подготвени, порача Бајден.

И портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, вчера изјави дека САД подготвуваат санкции против Белорусија по вонредното слетување во Минск на авионот во кој беше опозиционерот Протасевич. Авионот на „Рајанер“ патувал од Атина до Вилнус, а беше принудно приземјен со образложение дека имало експлозивна направа на патничкиот авион. Протасевич беше уапсен.

Денеска се очекува да се одржи итен неформален состанок на Советот на безбедност на ОН, на барање на Франција, Ирска и Естонија.

ЕУ веќе одржа итен состанок , а европските лидери се согласија да воведат остри мерки против Белорусија. Покрај економски рестрикции, ЕУ одлучи да се забрани употребата на воздушниот простор и аеродромите на 27-те земји-членки за белоруски авио-компании.

 

Поврзани новости