194
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост за тензиите на Блискиот Исток поради стравувањата дека ескалацијата на нападите меѓу Хезболах и Израел може да доведе до поширок регионален конфликт.
„Ќе направиме се што можеме за да спречиме избувнување на поширок конфликт. И работиме многу напорно за да го сториме тоа“, им рече Бајден на новинарите, според Си-Ен-Ен.
Тој додаде дека во текот на викендот во Делавер имал многу успешна средба со лидерите на Quad, во која се Австралија, Индија и Јапонија.