Бајден: САД на Украина ќе и дадат напредни ракетни системи за да се бранат од Русите

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ќе и дадат на Украина понапредни ракетни системи и муниција за „попрецизно да ги таргетира клучните цели на бојното поле“.

Во денешен напис во Њујорк Тајмс Бајден вели:

„Брзо тргнавме да и испраќаме на Украина значителни количества оружје и муниција за да може да се бори на бојното поле и да биде во најсилна можна позиција на преговарачката маса“.

Висок претставник на администрацијата на Бајден изјави во текот на денот дека САД ќе ѝ го дадат на Украина високо подвижниот артилериски ракетен систем М142 (HIMARS), со што ќе ги подобри способностите на Киев на бојното поле додека се бори против руските освојувачи.

„Украинците ќе ги користат овие системи за да го одбијат рускиот напредок на украинска територија, но нема да ги користат на цели на руска територија“, им рече официјалниот претставник на новинарите.

Поврзани новости