111
Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис беа информирани во Белата куќа за најновите детали од обидот за атентат врз Доналд Трамп.
Американскиот претседател и се обрати на јавноста со последните информации за нападот.
„Синоќа разговарав со Доналд Трамп. Имавме краток и добар разговор“, рече Бајден на почетокот.
„Навистина сум благодарен што Трамп е добро и се опоравува“, додаде тој.
„Разузнавачките и безбедносните служби штотуку не информираа за ова. ФБИ ја води оваа истрага, која се уште е во рана фаза. Не го знаеме мотивот на напаѓачот, но го знаеме неговиот идентитет. Не избрзувајте со заклучоци за неговите мотиви додека истрагата е во тек“.
„Мораме да се обединиме како нација“, рече тој.