Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го повтори својот јасен став за можната инвазија на пограничниот град Рафах, соопшти Белата куќа.
Во соопштението за печатот на Белата куќа не се откриени детали од тој разговор. Вашингтон соопшти дека не може да ја поддржи операцијата Рафа без соодветен хуманитарен план.
Претходно, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека Израел се согласил да ги слуша американските грижи и идеи пред да започне инвазија. Двајцата лидери последен пат разговараа телефонски на 13 април, откако Иран изврши ракетен и беспилотен напад врз Израел.
„Претседателот ја потврди својата цврста посветеност на безбедноста на Израел“, се вели во соопштението.
Бајден и Нетанјаху разговараа и за преговори кои треба да обезбедат ослободување на некои од заложниците кои се држат од 7 октомври, со договор за прекин на огнот во Газа. Тие, исто така, разговараа за забрзаната испорака на хуманитарна помош, вклучително и подготовките за отворање нови премини во Газа.