750
Американскиот претседател Џо Бајден на вечерашната прес конференција изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е исклучен од остатокот од светот и сака да го оживее поранешниот Советски Сојуз.
-Тој има многу поголеми амбиции од Украина. Тој, всушност, сака да го обнови поранешниот Советски Сојуз. За тоа се работи. И мислам дека неговите амбиции се целосно спротивни од местото каде што се наоѓа остатокот од светот, рече Бајден.
Тој остана упорен дека санкциите ќе имаат ефект врз руската агресија откако земјата ја нападна Украина.
-Тоа ќе ја ослаби неговата земја. Тој ќе мора да направи многу, многу тежок избор дали да продолжи да се движи кон тоа да биде сила од втор ред или, всушност, да одговори, рече Бајден.