Бајден: Путин мора да биде запрен

by Фокус

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска истакна дека последниот руски ракетен напад врз Украина е „силен потсетник“ дека рускиот претседател Владимир Путин останал посветен на уништувањето на Украина и рекол дека „тоа мора да се запре“.

Бајден даде изјава за време на божиќниот одмор на Американските Девствени Острови во врска со рускиот напад врз Украина синоќа, во кој загинаа 31 цивил, а повеќе од 120 беа повредени низ целата земја.

-Тоа е остар потсетник за светот дека по речиси две години од оваа разорна војна, целта на Путин останува непроменета. Тој сака да ја уништи Украина и да го потчини нејзиниот народ. Тој мора да биде запрен – рече Бајден.

Поврзани новости