Бајден: Проширувањето на ЕУ да продолжи – да ја вклучи и Северна Македонија!

by Fokus

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден вчера зборувал телефонски со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и нагласил дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан и да ја вклучи Северна Македонија, објави денеска на својот официјален твитер налог американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз.

– Бајден и нагласил на Фон дер Лајен дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, подвлекувајќи го нејзиното значење за регионалната стабилност, развој и просперитет, стои на твитер налогот на амбасадорката Брнз.

Поврзани новости