Бајден во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека ваквата одлука е донесена затоа што на Украинците им снемало муниција.
„Ова е војна за муниција. Им снема муниција. Она што го направив е дека ја прифатив препораката на Министерството за одбрана овој пат да ја испорачаме таа муниција додека не произведеме дополнителни количества муниција од 155 милиметри“, рече Бајден.
За одлуката на Белата куќа се огласи и советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливан, кој рече дека Америка е свесна за одлуката да испрати ваков вид муниција.
„ Свесни сме дека касетната муниција создава ризик од повреди на цивилите од неексплодирани убојни средства. Затоа ја одложивме оваа одлука колку што можевме. Сепак, постои ризик од цивилни жртви дури и ако руските војници и тенкови ги окупираат украинските позиции и покорат повеќе украински цивили бидејќи Украина нема доволно артилерија – изјави Џејк Саливан.
Тој посочува дека ваквиот развој на ситуацијата е неприфатлив за Америка.
„Украина не би ја користела оваа муниција на територија на странска држава. Ова е нивната земја што ја бранат. Тие ги штитат своите граѓани и се мотивирани да користат каков било систем на оружје што може да го минимизира ризикот за овие граѓани“, изјави Саливан.