Бајден повторно позитивен на коронавирусот, се враќа во изолација

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден повторно е позитивен на корона вирусот, нешто повеќе од три дена откако доби дозвола да излезе од изолација поради претходна инфекција, соопшти Белата куќа.

Лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор рече дека Бајден е „симптоматичен и се чувствува прилично добро“.

Во согласност со упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Бајден повторно ќе мора да биде во изолација најмалку пет дена.

Според Центарот, повеќето случаи на враќање на инфекцијата остануваат благи и во тој период не се манифестираат тешки симптоми.

Поврзани новости