Бајден повика на единство на Денот на независноста на САД

by Fokus

По повод прославата за Денот на независноста на САД, американскиот претседател Џо Бајден истакна дека основните слободи се загрозени, па ги повика граѓаните на обединување и „принципиелен патриотизам“ кога земјата се соочува со економски предизвици и национални поделби.

-Од најдлабоките длабочини на нашите најлоши кризи, секогаш сме се издигнувале до повисоки височини. Сме биле тестирани и претходно, токму како што сме на тест и денес, но, никогаш не потфрливме, затоа што никогаш не отстапивме од основните уверувања и ветувања, што ја одредуваат оваа нација, се наведува во изјавата на Бајден во соопштението од Белата куќа.

Како што тој додава, американската економија расте, но, не и без потешкотии. Слободите биле загрозени, како во земјата, така и во странство.

Тој повика на единство и покрај актуелните поделби во американската заедница. Бајден ја повика нацијата да се „посвети на принципиелниот патриотизам“.

Денот на независноста – 4 јули, годинава е одбележан во сенка на пресудите на Врховниот суд за абортусот и за вооружувањето, како и на порастот на вооруженото насилство и на масовните пукотници во Чикаго, но и на претресот во врска со улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп во немирите во Конгресот на 6 јануари и големата инфлација.

Поврзани новости