556
Американскиот претседател Џо Бајден денеска замина за Европа, каде ќе учествува на самитот на НАТО и ќе ја посети Полска, а пред тргнување на пат накратко ја искоментира можноста Русија да употреби хемиско оружје против Украина.
Бајден и денеска повтори дека тоа е вистинска закана.
-Постои реална закана Русија да употреби хемиско оружје против Украина, кажа Бајден.
На прашањето што ќе им каже на западните партнери, тој рече дека токму тоа ќе им го каже в лице.