Бајден помилува 2.500 луѓе осудени за ненасилни дела поврзани со дрога

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден помилува речиси 2.500 лица осудени за ненасилни дела поврзани со дрога, три дена пред да му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Бајден рече дека осудените „одлежале подолги казни отколку што би добиле според сегашните закони“ и дека неговите потези ќе ги исправат „историските неправди“.

Тој објави дека има издадено повеќе индивидуални помилувања од кој било друг претседател во историјата на САД.

Одлуката беше донесена откако Бајден претходно помилува 37 од 40 осуденици на смрт и издаде помилување во декември минатата година, вклучително и едно за неговиот син Хантер Бајден.

Бајден рече дека помилувањата се однесуваат на луѓето „кои добиле долги казни поради застарени разлики меѓу крек кокаин и кокаин во прав“.

Претседателот истакна дека Конгресот со новите закони препознал „дека е време да се изедначат тие разлики во казните“.

Поврзани новости