Бајден побара од Нетанјаху привремен прекин на огнот во Газа

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тридневна пауза во израелските воени операции во Појасот Газа, објави Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа рече дека американскиот претседател и израелскиот премиер разговарале телефонски за „тактички паузи“ во израелската офанзива врз Газа, поради хуманитарни причини и можното ослободување на заложниците.

Со договор двете страни, паузата би била искористена за дополнително да се потврди идентитетот на сите заложници и да се обезбеди комплетен список со имиња.

САД, заедно со многу други западни сили, ја поддржуваат позицијата на Израел дека прекинот на огнот воено ќе им помогне на палестинските милитанти Хамас, според Би-Би-Си.

Поврзани новости