Американскиот претседател Џо Бајден му се обрати на светот по веста дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал во руски затвор.
На почетокот на своето обраќање Бајден рече дека, како и милиони луѓе ширум светот, не е изненаден од веста за смртта на Навални.
-Не сум изненаден и лут сум – рече Бајден.
Тој рече дека нема причина да не верува дека извештаите за смртта на Навални се точни.
-Тој се бореше против корупцијата и сето лошо што го направи Путин. Путин го отру, го уапси, изолираше, но ниту тоа не го спречи – рече Бајден.
Бајден рекол дека Навални можел да биде безбеден откако се обиделе да го отрујат, што тој едвај го преживеал, но дека решил да се врати во Русија.
-Тој го направи тоа затоа што длабоко веруваше во својата земја. Верувам дека руските власти ќе ја кажат својата верзија. Но Путин е одговорен за ова. Путин не ги таргетира само граѓаните на другите земји, како што видовме во она што се случува во Украина токму сега – тој исто така прави ужасни злосторства врз сопствениот народ – рече Бајден.