Бајден: Пандемијата на Ковид е завршена

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пандемијата на Ковид-19 е завршена, во интервју за Си-Би-Ес што беше емитувано синоќа.

– Пандемијата заврши, но сè уште имаме проблем со Ковид, рече Бајден во интервјуто снимено во четвртокот.

– Ако погледнете, никој не носи маска. Се чини дека сите се во прилично добра форма. Работите се менуваат и мислам дека тоа е совршен пример, рече американскиот претседател.

Според податоците на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во светот се регистрирани речиси 612 милиони случаи на Ковид 19, а починале повеќе од 6,5 милиони луѓе.

Во САД имаше повеќе од 95 милиони случаи на Ковид-19, а повеќе од еден милион луѓе починаа.

На крајот на август, со вирусот беше заразена и сопругата на Бајден, Џил.

Просечно 390 луѓе сè уште умираат во САД секој ден од компликации откако биле позитивно тестирани за коронавирусот.

САД неодамна одобри две нови вакцини приспособени на доминантната варијанта на вирусот – омикрон.

Поврзани новости