2
Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска изјави дека падот на сирискиот претседател Башар ал Асад е историска можност за сирискиот народ, како и дека САД ќе ги поддржат соседите на Сирија доколку се појават закани во периодот на транзиција на власта на бунтовничките сили, кои ја презедоа власта во земјата.
-Конечно, режимот на Асад падна. Овој режим мачеше и уби буквално стотици илјади невини Сиријци. Ова е фундаментален чин на правдата и историска можност за долготрпеливиот сириски народ да изгради подобра иднина за својата земја – изјави Бајден.
Тој вети и дека ќе обезбеди стабилност во источна Сирија и ќе го заштити американскиот персонал.