Бајден останува на санкциите кон Иран, но ја менува политиката кон Кина: Екстремна конкуренција наместо судир

by Фокус

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денес дека ривалството меѓу САД и Кина би можело да биде во облик на „екстремна конкуренција“, но увери дека сака да избегне судир на двете светски сили.

-Не треба да имаме судир, туку екстремна конкуренција – рече Бајден и додаде дека нема да ја следи политиката на својот претходник Доналд Трамп.

Тој посочи дека се уште не разговарал со кинескиот колега Си Џинпинг и додаде дека „нема причина да не му се јави“.

-Тој е многу тврд. Не го изнесувам ова како критика, туку тоа е реалноста, таа нема ни трошка демократија во себе – изјави Бајден.

Воедно, тој рече дека САД нема да ги укине економските санкции кон Иран со цел Техеран да се врати на преговорите за иранската нуклеарна програма.

Поврзани новости