483
Белата куќа го објави лекарскиот извештај за здравјето на претседателот Џо Бајден, според кој првиот човек на САД минатиот месец бил опериран, односно му било отстрането парче од кожата на градниот кош кое било канцерогено.
-Целото канцерогено ткиво беше успешно отстрането, рече О’Конор, истакнувајќи дека станува збор за вид на рак на кожата наречен карцином на базалните клетки. Додаде дека нема потреба од дополнителен третман.
Д-р О’Конор истакнал и дека лезиите на карцином на базалните клетки не се склони кон метастази.
Изјавувајќи дека местото на биопсијата е заздравено, О’Конор рече дека состојбата на претседателот ќе се следи како дел од неговите рутински прегледи.