Бајден од Загреб: Партиите да продолжат со реформите

by Фокус

Партиите во Македонија да ги отворат вратите за интеграција и да ги надминат проблемите вклучувајќи го и оној за името со Грција, истакна потпретседателот на САД, Џо Бајден, на вчерашниот самит на лидери од Југоисточна Европа кој се одржа во Загреб, пренесе Капитал.

– Во Македонија имаше политичка криза и доведе до забавување на реформите. За среќа новиот политички договор што е постигнат предвидува избори пролетва и им дозволува на партиите да ги продолжат неопходните реформи за да се придвижи земјата напред. Се надевам и ги охрабрувам да ги отворат вратите за интеграција и да ги надминат проблемите вклучувајќи го и оној за името со Грција  – истакнал Бајден.

Поврзани новости