Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави тајни документи за убиството на Џон Ф. Кенеди, а дел од историчарите, како и теоретичари на заговори, веруваат дека ова би можело да фрли ново светло на убиството на американскиот претседател во 1963 година, јавува Си-ен-ен.
Сепак, тоа што се објавени над 1.500 документи не значи дека се објавени сите. Голем број документи и понатаму се недостапни и/или делумно цензурирани така што вечната дебата меѓу федералните власти и луѓето кои го истражуваат убиството на Кенеди ќе продолжи.
Долгогодишните истражувачи на овој историски настан велат дека објавените документи најверојатно не ги вклучуваат документите кои би можеле да понудат некои нови клучни докази и да го променат она што јавноста го знае за овој настан и околностите пред и по атентатот.
Бајден во октомври го одложи објавувањето на документи за, како што објасни, да се заштитат нештата од важност за САД. Тогаш постави два рока за објавување. Едниот е денес, а другиот 15 декември следната година. Тогаш ќе бидат објавени нови документи.