Американскиот претседател Џо Бајден објави нови санкции против Русија и најави дека Г7 ќе воведе нови санкции за се поголем број на руски олигарси и нивните семејства.
-Г7 исто така го зголемува притисокот на руските милијардери. Додаваме нови имиња на пописот на олигарси и нивните семејства. Тие го поддржуваат Путин, крадат од рускиот народ и настојуваат да ги сокријат парите во нашите земји. Тие се дел од клептократијата која постои во Москва и мораат да бидат дел од овие санкции. Русија ќе плати висока цена, рече Бајден во Белата куќа.
Тој рече дека ќе се забрани увозот на морски плодови, вотки и дијаманти од Русија и извозот на луксузна роба во Русија.
Додаде дека САД ќе и го укине на Русија статусот „трајни нормални трговски односи“, а тоа значи дека САД ќе воведат царини на широка палета на руска стока.
-Ќе продолжиме да го притискаме Путин. Тој е агресор, тој мора да ја плати цената, рече Бајден. Тој исто така и порача дека Русија ќе плати висока цена ако употреби оружје.