Бајден: Невакцинираните прават голема штета

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека невакцинираните Американци прават „голема штета“ на земјата – ја загрозуваат нејзината економија и го забавуваат закрепнувањето, јави Ен -Би -Си.

„Одбивањето да се вакцинираат не чини сите многу скапо“, изајви Бајден, додавајќи дека продолжува со задолжителна вакцинација секаде каде што може, и веќе бара две третини од американските работници да бидат вакцинирани.

Бајден, исто така, истакна дека здравствените агенции, заедно со владата, се обидуваат да ја прошират програмата за трета доза и на крајот ќе дозволат таа да се администрира на пошироката јавност. Бајден ги повикува Американците да примат трета доза, велејќи дека истото ќе го стори и тој наскоро.

– Ако ја примивте вакцината на Фајзер во јануари, февруари, март оваа година и имате над 65 години, одете да земете бустер, рече Бајден.

Поврзани новости