639
Американскиот претседател Џо Бајден нема намера унилатерално да испрати американски војници во Украина, откако Вашингтон стави 8.500 војници во состојба на подготвеност за да ги смири партнерите од НАТО во екот на распоредувањето на руски сили долж границата со Украина.
-Само да бидам јасна: нема намера или интерес или желба на претседателот да испрати војници во Украина. НАТО е форум за поддршка на партнерите и земјите од нашето источно крило, и на тоа е фокусот, соопшти портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.