Бајден: Нема да му дозволам на Трамп да ги украде изборите

by Fokus

Демократскиот претседателски кандидат на изборите во САД, Џо Бајден вчера предупреди дека нема да дозволи претседателот Доналд Трамп да прогласи победа на изборите во вторник  пред резултатите да бидат јасни.

– Мојот одговор е дека претседателот нема да ги украде овие избори, изјави Бајден пред новинарите за време на предизборен настан во Филаделфија.

Тој исто така ги осуди напорите на приврзаниците на Трамп да ги заплашат приврзаниците на Бајден, како што беше инцидентот во Тексас и Њу Џерси во петокот и неделата.

– Луѓе, не сме ние. Ние сме многу подобри од тоа,  рече тој.

Во медиумите се појавија спекулации дека Трамп им рекол на своите соработници дека има намера да објави порано победа, дури и ако резултатот всушност не е познат.

Демократите предупредуваа пред неколку месеци дека шефот на државата нема лесно да ја напушти Белата куќа.

Според анкетата на „Фокс њуз“ кандидатот на демократите има 8 поени предност пред Трамп.

Поврзани новости