269
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не е сигурен за мирен трансфер на власта во САД доколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп загуби на претседателските избори на 5 ноември.
Ако Трамп загуби, воопшто не сум сигурен за мирен трансфер на власта. Тој го мисли она што го кажува. Ние не го сфаќаме сериозно. Тој го мисли тоа. Вести.
Ројтерс пренесува дека за време на мартовската кампања во Охајо, Трамп предупредил на „крвопролевање“ доколку не победи на изборите.