Бајден не очекувал толку брз пробив на талибанците

by fokus

Властите во Вашингтон добро знаеја дека талибанците можат да ја преземат контролата врз Авганистан, но не замислуваа дека тоа ќе се случи толку брзо, изјави советникот за национална безбедност на претседателот Џо Бајден, Џејк Саливан.

-Американскиот претседател ја презема целосната одговорност за се што се случува во Авганистан и за одлуките донесени од американската Влада. Претседателот презема одговорност не само за одлуката за повлекување на американските војници од Авганистан, туку и за целиот хаос што настана за време на евакуацијата, како и за сето крвопролевање што се случува во моментов во Авганистан – рече Саливан.

Тој додаде дека САД може да воведат санкции и целосно да го изолираат Кабул од меѓународната заедница со цел да ги принудат талибанците да ги почитуваат своите обврски.

Поврзани новости