Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД не ја поддржуваат независноста на Тајван, откако тајванските гласачи и дадоа трет претседателски мандат на владејачката партија на островот, а американскиот државен секретар додаде дека САД остануваат посветени на мирот и безбедноста во регионот.
„Не ја поддржуваме независноста…“, рече Бајден на прашањето за реакцијата на денешните избори во Тајван.
„САД се посветени на зачувување на мирот и стабилноста на двете страни на Тајванскиот теснец и на мирно решавање на разликите, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Неколку часа пред отворањето на избирачките места, Вашингтон предупреди „дека би било неприфатливо“ за „било која“ земја да се меша во тие избори.
Претседателскиот кандидат на тајванската владејачка Демократска напредна партија (ДПП) и потпретседател на Тајван, Лаи Чинг-те победи на претседателските избори, и покрај повиците од Кина да не биде избран и вети дека ќе му се спротивстави на Пекинг и ќе бара преговори.