Американскиот претседател Џо Бајден во своето прво обраќање по повлекување на војската од Авганистан изјави дека целта на Америка никогаш не била да ја гради нацијата во Авганистан, туку да спречи терористички напад на американско тло.
-Наследив договор според кој САД требаше да се повлечат од Авганистан до 1 мај. Талибанците се најсилни од 2001 година и мојот избор беше или да го почитувам тој договор или да влеземе во војна со талибанците. После 20 години научив дека не постои добро време за повлекување. Американците нема да учествуваат во војна во која што Авганистанците немаат волја да се борат за себеси. Реалноста е дека земјата потклекна побрзо од сите очекувања. Претседателот Гани не го прифати мојот совет да преговара со талибанците и ме убедуваше дека авганистанските сили ќе се борат, но очигледно не беше во право. Направивме многу грешки во изминатите децении, но нема да ја пренесам одговорноста на петтиот претседател. Длабоко жалам за она што се случува сега, но не жалам за одлуката да ја завршам најдолгата војна во историјата на САД. Одлуката да го напуштиме Авганистан е исправна за Америка, рече Бајден.