Бајден нареди распоредување на 3.000 американски резервисти во Европа

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден го овласти Пентагон да испрати до 3.000 резервисти на американската армија во Европа, соопшти Белата куќа, пренесува Танјуг.

„Ги овластувам државниот секретар, секретарот за домашна безбедност и крајбрежната стража, кога не дејствуваат како служба во морнарицата, да наредат на активна должност која било единица или поединечен член што не е назначен никаде, да биде во служба на Команда на Соединетите Американски Држави во Европа. Тој број не треба да надминува 3.000 војници“, рече Бајден.

Исто така, од таа бројка, околу 450 лица од поединечните резервни сили ќе бидат распоредени во USEUCOM (Европска команда на САД).

Оваа одлука доаѓа по европската турнеја на Бајден оваа недела, при која ги посети Велика Британија и Финска, а меѓу тие две посети учествуваше и на самитот на НАТО во Литванија.

На средбата со лидерите на нордиските земји во Хелсинки, американскиот претседател изјави дека НАТО никогаш не бил посилен.

За време на средбата Бајден ги поддржа лидерите на нордиските земји да покажат зголемена моќ и влијание на НАТО против растечката закана од Русија.

„Гледаме целосна промена во европската безбедносна структура како резултат на потезите на Русија, а нордиските земји се приближија кон Западот како одговор на руските агресивни и дестабилизирачки дејствија“, соопшти Белата куќа по состанокот.

Поврзани новости