Бајден направи нов лапсус: Германија ќе ја нападне Украина

by Fokus

Нов лапсус на американскиот претседател се шири на социјалните мрежи, пренесуваат светските медиуми.

Американскиот претседател Џозеф Бајден направи грешка на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој рече дека „Германија ќе ја нападне Украина“.

-Прво да одговорам на првото прашање. Ако Германија… ако Русија изврши инвазија, ако нејзините тенкови и војници повторно ја преминат границата со Украина, тогаш повеќе нема да има Северен тек 2. Ќе ставиме крај на тоа, рече Бајден.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното зголемување на руските „агресивни дејствија“ во близина на границите на Украина. Русија постојано ги негираше обвинувањата за агресивни дејствија на Западот и Украина, наведувајќи дека никому не се заканува и нема намера да нападне никого, а изјавите за руска агресија се користат како изговор за распоредување што повеќе воена опрема на НАТО близу руските граници.

Поврзани новости