Бајден на средбата со Зеленски најави нова испорака на американско оружје и муниција за Украина

by Fokus

Претседателот на САД, Џо Бајден најави испорака на ново американско оружје и муниција во Украина за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на Г7 во Хирошима.

Новите пратки ќе вклучуваат „муниција, артилерија и оклопни возила“, рече денеска Бајден.

На почетокот на самитот во Јапонија, тој ги прифати и плановите за обука на украински пилоти за летање со американски ловци Ф-16.

Бајден им рече на лидерите на Г7 дека одлуките за тоа кога и во колкав број Украина ќе обезбеди авиони од четвртата генерација Ф-16 ќе бидат донесени во наредните месеци, додека обуката на пилотите продолжува.

 

Поврзани новости