По средбата во Белата куќа со украинскиот претседател Володомир Зеленски американскиот претседател Џо Бајден изјави дека првите американски тенкови Абрамс ќе и бидат доставени на Украина следната недела, пренесува Хина.
Тој рече дека Вашингтон наскоро ќе испрати втора батерија за противвоздушна одбрана Хоук од Рејтеон и поврзаната опрема во Украина.
Зеленски му се заблагодари на Бајден за новиот пакет воена помош од 325 милиони долари во оружје и противвоздушна одбрана, велејќи дека токму тоа сега им треба на украинските војници.
Тој изјави дека тој и Бајден се договориле за конкретни чекори за проширување на извозот на жито од Украина наспроти руската блокада и тензиите со соседна Полска.
Барањето на Бајден за дополнителни средства од 24 милиони долари за Украина за да помогне во плаќањето на украинската одбранбена и хуманитарна помош до крајот на годината е закочена во буџетската битка со републиканците во Претставничкиот дом.
Бајден рече дека единствениот начин е да добие одобрение од американскиот Конгрес.