Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека луѓето имаат причина да веруваат дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја одолговлекува војната во Газа од политички причини.
– Има многу причини зошто луѓето можат да донесат таков заклучок – изјави Бајден за магазинот „Тајм“.
Нетанјаху долго време се соочуваше со такви критики, но тие се интензивираа неодамна, бидејќи екстремно десничарските коалициски партнери се заканија дека ќе ја соборат неговата влада доколку тој влезе во договор во Газа што ќе стави крај на војната без да се елиминира Хамас.
Со месеци, премиерот избегнуваше да одржува состаноци за повоено управување со Газа, избегнувајќи судир со министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир и министерот за финансии Безалел Смотрич, кои повикаа на постојана окупација на Газа и повторно воспоставување на израелски населби на територијата.
Нетанјаху тврдеше дека нема потреба да се планира „денот потоа“ пред Израел да го победи Хамас.