Американскиот претседател Џо Бајден попладнево одржа голем говор во полскиот главен град Варшава, по вчерашната посета на украинската престолнина Киев.
-Киев стои висок, горд и што е најважно, слободен, рече Бајден.
„Путин мислеше дека ќе се предадеме, погреши. Мислеше дека НАТО ќе се претвори во Финска, а наместо тоа се случи НАТОизацијата на Финска и Шведска“, кажа тој, додавајќи дека НАТО е пообединет од кога било досега.
-Путин повеќе се сомнева во нашето единство, но се сомнева и во нашата истрајност. Но, нема сомнеж. Нашата поддршка за Украина нема да попушти и нема да се умориме. Љубовта на украинскиот народ ќе надвладее над желбата на Путин за моќ и земја. Станува збор за слободата, кажа Бајден, кој во неколку наврати ги споменува вредностите на демократијата.