592
Пранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден и официјално стана кандидат на демократите за претседателските избори во ноември.
-Почестен сум да се натпреварува со една од најталентираните групи на кандидати, рече Бајден.
Иако тој победи на изборите внатре во партијата уште во април, кога сенаторот Берни Сандерс се повлече од трката, Бајден дури сега собра доволен број делегати.
Бајден ќе се соочи со актуелниот претседател Доналд Трамп на избори на кои сигурно ќе доминираат теми околу пандемијата на коронавирусот, рецесијата и граѓански протести во САД.