Новоизбраниот претседател на САД, демократот Џо Бајден, денеска планира да одржи говор посветен на економијата на САД.
Обраќањето, што ќе биде во неговата родна држава Делавер е едно од серијата постизборни говори на поранешниот потпретседаел на САД, што ќе биде поврзано со проблемите со кои се соочуват САД.
Според неговиот тим задолжен за транзиција, и Бајден и Камала Харис, сенатор од Калифорнија и негова избрана потпретседателка на САД, пред обраќањето во Вилмингтон, Делавер, ќе бидат брифирани околу економијата.
-Во својот говор Бајден ќе се фокусира на економската обнова и производството во САД во долгорочна перспектива, изјавија од неговиот тим, пренесе Вашингтон пост.
Од друга страна претседателот Доналд Трамп нема закажано настани за денеска. Единствениот настан соопштен од Белата куќе е ручек со потпретседателот Мајк Пенс.