Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ќе одликува 12 луѓе со Претседателскиот граѓански медал на церемонијата во Белата куќа по повод двегодишнината од нападот врз Капитол.
Во нападот врз Капитол на 6 јануари во 2021 година, приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата во неуспешен обид да го спречат Конгресот да го потврди исходот од претседателските избори. Нападот уследи по неколкунеделните лаги на Трамп за неговата изборна победа
Меѓу наградените се и поранешниот претседател на Домот на Аризона, Расти Бауерс и државниот секретар на Мичиген, Џоселин Бенсон, кои се спротивставија на притисокот да ги поништат изборните резултати во нивните држави во 2020 година.
Меѓу наградените е и полицискиот службеник во Капитол, Јуџин Гудман, кој го одвлече вниманието на бунтовниците од Сенатот додека членовите беа евакуирани, како и претставничката од Џорџија, Руби Фримен, која неодамна беше цел на Трамп на социјалните мрежи.
Полицаецот од Капитол, Брајан Сикник, кој почина непосредно по нападот, ќе добие постхумен медал. Тој почина од природна смрт по повеќекратните мозочни удари.
Во нападот врз Капитол загинаа пет лица, а повеќе од 140 полицајци беа повредени.
Двопартиска комисија во Претставничкиот дом на САД, која го истражуваше нападот, минатиот месец соопшти дека Трамп треба да се соочи со кривична пријава за неговата улога во започнувањето на опсадата. Околу 900 лица досега се обвинети за учество во немирите.